„Њујорк тајмс“: Бројот на смртни случаи во Еквадор е за 15 пати поголем од официјалната статистика, има безживотни тела по тротоарите!

by fokus

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во Еквадор е меѓу најголемите во светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика.

Според „Њујорк тајмс“ сликите од безживотни тела на тротоарите, нафрлани на колички или во картонски ковчези укажуваат на тоа дека земјата е разорена од пандемијата со новиот корона вирус.

Во Еквадор од 1 март до 15 април починале 7.600 луѓе, што е за 15 пати повеќе во споредба со просекот од минатите години. Тоа е спротивно од тврдењето на властите дека како последица од пандемијата починале 503 луѓе.

„Њујорк тајмс“ посочува и дека во првите две недели од април трипати е зголемен бројот на смртни случи.

Според официјалните податоци, во Еквадор заразени со новиот корона вирус се 11.183 луѓе, а оздравеле 1.328.

Поврзани новости