СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни како стекна имот од 60 милиони евра

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз денеска ја повика владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да објасни на кој начин стекнала имот вреден 60 милиони евра.

-Доколку се утврди дека овој имот е стекнат на криминален начин, тој ќе биде конфискуван и вратен на граѓаните. За да може партијата на обвинетиот Груевски да го стекне луксузниот имот од 60 милиони евра, цели 10 години преку погубни политики ги цедеше парите од граѓаните, а државата ја презадолжуваше- се вели во соопштението на СДСМ.

Инаку, според истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа.

Партијата поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни.

Поврзани новости