Следниот ден бил одржан состанок помеѓу претставници на МВР и на амбасадата, на кој бил констатиран и признаен пропуст од македонските безбедносни сили. Пуки, началникот на „алфите“, за „пропустот“ заработил опомена од Ивица Вучевски, началник на СВР Скопје и негов непосреден претпоставен.

 Денеска пак, со кадровските промени во МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, на позицијата началник на Алфите се врати Примислав Димовски.