СЈО одново ги достави до судот доказите за „Трезор”

by fokus

Откако Кривичниот суд ги врати доказите за случајот „Трезор”, бидејќи не можеле да го отворат УСБ стикот, од Специјалното јавно обвинителство доцна попладнево одново ги доставиле доказите.

-Предлозите се доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информиравме јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик (УСБ) кој неможеше да се отвори, а за кој од наведното обвинителство усно беше соопштено дека доказите ќе може да се разгледуваат само во нивно присуство и само тие ќе имаат право да пристапат до нив – велат од Кривичен.

Од СЈО бараат мерка притвор за еден од осомничените во „Трезор” и три мерки на претпазливост- односно да им биде одземен пасошот на останатите осомничени. Предлозите се веќе дадени кај судија на претходна постапка кој веќе од утре ќе може да одлучи кога ќе ги повика на распит првите осомничени за економски криминал на СЈО.

Инаку, во случајот „Трезор” осомничени се тројца разузнавачи на високи функции во УБК и еден од МВР. Тие се товарат дека се богателе со буџетски пари и проневериле 862 илјади евра преку серија договори и анекси со кои била претплатувана опрема за шпионирање, а парите легнувале на фирмата „Финзи дооел“.

Поврзани новости