СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже „Да“ и да не ја кочи иднината, Македонија нема веќе генерации за губење

by fokus

Владејачката СДСМ побара опозицијата да не ја кочи македонската иднина бидејќи како што велат,Македонија веќе нема генерации за губење.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже Да, за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи иднината туку да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу“, велат од СДСМ.

Според партијата на власт, опозицијата треба да каже Да за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговороност и да каже Да за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата! Да, за иднината на сите граѓани, Да, за македонската иднина“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости