СДСМ: ВМРО да ги повлече обвинетите пратеници и да не го штити Груевски

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминал, корупција и злоупотреби и затоа нема никаков кредибилитет да зборува за лична и морална одговорност, велат од СДСМ, реагирајќи на кон соопштението на опозициската партија дека оставката на пратеникот Павле Богоевски е во насока на затскривање на криминалот во владата.

„Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини отвори едно значајно прашање – дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?“, велат социјалдемократите.

Од владејачката партија порачуваат дека ДПМНЕ наместо да го штитат, како што велат, криминалот на Никола Груевски, да гласаат за одземање на мандатот на нивниот почесен претседател во бегство.

Поврзани новости