СДСМ: Власта го поткопува штрајкот на наставниците

by Фокус

Опозицискиот СДСМ ги подржа барањата на Синдикатот за обравание, наука и култура и ја повика власта да не врши притисок врз синдикатот и неговите членови за да не излезат на закажаниот штрајк на 29 септември.

Никола Груевски наместо да се сврти кон проблемите што ги создаде, тој посегна по притисоци врз членовите на синдикатот, што е само доказ дека Владата е таа што се плаши од штрајкот и се труди по секоја цена штрајкот да го спречи – изјави Петар Атанасов од СДСМ.

Според него, една од причините за штрајкот е воведувањето на високи казни за наставниците поради есктерното тестирање и за административни пропусти.

Поврзани новости