СДСМ бара преговори, ВМРО-ДПМНЕ и Вељаноски со ултиматум

by Фокус 13:48
13:48

СДСМ денеска го повика премиерот , како што вели партијата, да престане да мисли на своите интереси и да прифати разговори за сите пет теми што ги предлага опозицијата за излез од политичката криза. Партијата на власта експресно одговори дека ВМРО-ДПМНЕ ниту сега, ниту во иднина ќе го прифати барањето за формирање техничка влада во било каква форма.

Груевски знае дека сите меѓународни извештаи, вклучувајќи го и последниот конечен извештај на ОБСЕ/ОДИХР, ги потврдуваат ставовите на СДСМ: дека во Македонија не се знае што е партија, а што држава, дека нема слободни медиуми, дека е загрозена слободната волја на изразување на граѓаните – велат од СДСМ.

- Advertising -

СДСМ на овие избори изгуби со 200.000 гласови разлика, коментираат властодршците.

– На овие избори се отиде со далеку подобар закон, неколку пати подобруван отколку оној закон за избори во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи, а беше во опозиција – смета ВМРО-ДПМНЕ.

Реакциите на двете партии доаѓаат ден откако собранискиот спикер, Трајко Вељаноски во интервјуто за порталот „Прес 24“  ѝ даде ултиматум на СДСМ ако не се врати во Собранието до 8 октомври, кога ќе биде објавен извештајот на Европската комисија, тој ќе свикал продолжување на седницата на која се оставките на пратениците од СДСМ.

– Сепак врз основа на моето досегашно политичко искуство и практика мислам дека ќе се најде форма и начин опозицијата да се врати во Собранието – порача Вељаноски.

(Како и досега и последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ го добивме од колегите од другите редакции, бидејќи партијата на власт не чувствува потреба да ги испраќа своите реакции до „Фокус“)

Поврзани новости