Уапсените цариници заменувале бреднирана стока со копии

by Фокус

Парфеми, мобилни телефони, рачни часовници, патики, текстил, техника и златен накит биле цел при кражбите на четворицата цариници од скопскиот аеродром, кои, потпомогнати од уште две лица однадвор, ја оштетиле царината за милион и пол денари.

Групата имала шеф на царинската испостава, еден цариник, еден советник и еден виш цариник. Тие ја искористиле позицијата на аеродромската царина и изнесувале стока од магацинот во кој се складирала привремено, како стока одземена при царински прекршоци.

Полициската истрага утврдиле дека недостигаат предмети и облека, или, пак, некои светски познати марки биле заменети со копии. Осомничените ги признале делата откако полицијата ги привела. Цариниците се одговорни за злоупотреба на службена положба, додека помагачите добија кривични пријави зашто знаеле дека продаваат украдена стока.

Поврзани новости