473
Опозицискиот СДСМ ги подржа барањата на Синдикатот за обравание, наука и култура и ја повика власта да не врши притисок врз синдикатот и неговите членови за да не излезат на закажаниот штрајк на 29 септември.
– Никола Груевски наместо да се сврти кон проблемите што ги создаде, тој посегна по притисоци врз членовите на синдикатот, што е само доказ дека Владата е таа што се плаши од штрајкот и се труди по секоја цена штрајкот да го спречи – изјави Петар Атанасов од СДСМ.
Според него, една од причините за штрајкот е воведувањето на високи казни за наставниците поради есктерното тестирање и за административни пропусти.