СДСМ: Власта ги намалува парите за субвенции за над 2 милиони евра

by Фокус

Во услови на рекордна сиромаштија и историски најголемо задолжување на државата, власта на Никола Груевски носи еден од најгломазните и неразвојни буџети досега за 2015 година од скоро 3 милијарди евра, при што најголем дел ќе одат за плати и пензии, незначително ќе се зголемат средствата за капитални инвестиции, а ќе се намалат парите за субвенции, реагираат од опозизицискиот СДСМ.

– Колку е лоша состојбата со буџетот покажува намалувањето на еден од најголемите адути на власта за фалби пред избори, а тоа се субвенциите. За 2015 година, власта ги намалува парите за субвенции за над 2 милиона евра  – соопштија од СДСМ.

Според социјалдемократите, власта се потпира на нагазување на казнената политика кон граѓаните и стопанството, како еден од главните извори на прибирање пари.

– Но, и тоа веќе очигледно не помага, бидејки се исцрпени и бизнисот и семејните буџети. На крајот, она што останува најзагрижувачки момент во последните три години е постојаното зголемување на буџетскиот дефицит – истакнуваат од таму.

Поврзани новости