Штрајкбрехерството е забрането со Законот за агенциите за привремени вработувања

by Фокус

Законот за агенциите за привремени вработувања децидно забранува агенцијата да ангажира нови работници за време на штрајк, затоа останува нејасно како ќе се ангажираат нови наставници како што предвидуваат промените во Законот за основно и средно образование, од понеделник кога стартува штрајкот на просветарите.

Ова прашање го отвора претседателот на СОНК, Јаким Неделков во утрешното интервју за неделникот „Фокус“, а истата дилема ја изложува и професорот Горан Јанев, член на левичарското движење „Солидарност“ во вчерашното интерјву за сајтот „Нова ТВ“.

– Не знам како ќе се реализира новиот закон до крај. Штрајкот е закажан на време, директорите барале списоци на тие што ќе штрајкуваат за да може да знаат кого ќе заменуваат. Не знам од кого ќе заменуваат бидејќи ако одат преку нормалниот принцип на вработување, преку агенции за вработување, законот за работењето на агенциите во член 11. ја забранува можноста да обезбедуваат рабтоници кои би служеле како штрајкрејбери – тврди Јанев за порталот „Нова ТВ“.

1

2

Поврзани новости