Власта да ги тргне рацете од хонорарците

by Фокус 14:45
14:45

Во пресрет на големиот протест во понеделник на кој граѓаните кои живеат од хонорари ќе го изразат незадоволството од законските измени со кои 35 отсто од висината на хонорарот ќе мора да се плати на државата, СДСМ го повика министерот Зоран Ставревски веднаш да ги повлече решенијата, кои според партијата се криминални и сериозно ја загрозуваат животната егзистенција.

Според пресметките ако хонорарот изнесува минимални 9.600 денари, сега хонорарецот ќе може да земе само 6 200, а и понатаму ќе остане без право на одмор, боледување, К-15…

- Advertisements -

„Министерот не може да ги оправда овие законски измени се додека не најде начин да ги  обврзе или стимулира работодавачите да издвојат дополнителни средства за осигурување на ангажираното лице или да ги трансформираат авторските договори во договори од редовен работен однос. Дополнително, со овие решенија што ги нуди Владата, се обврзува некој кој веќе има стекнато право (преку плаќање на придонесите за платата), како на пример здравствено осигурување, повторно и повторно да плаќа за истото право, без притоа да добие никаква услуга плус. Со оглед на состојбата во јавното здравство, граѓаните во Македонија многу пати ќе треба да платат за здравствената услуга и во приватните болници“- изјави Мила Царовска од Комсијата за труд и социјала на СДСМ.

Според неа, криминално е решението според кое што сите придонеси за пензиско осигурување од договорите за дело или авторските договори ќе се уплаќаат само во првиот пензиски столб, а не и во двата столба, како што тоа го прават сите вработени од 2003 година.

„Ја прашуваме Владата дали навистина мисли да ги ослободи функционерите од плаќање на придонесите на договорите за дело и авторските договори?  Ако е така, тогаш власта треба да ја објасни оваа дискриминација, на пример, зошто некој кој ќе отиде на неколку состаноци во управни одбори на некои претпријатија, како на пример Македонски пошти во којшто членуваат дипломати и универзитетски професори, нема да треба да плати придонеси на хонорарот, додека некој кој работи цел месец под договор за дело за 12.000 или 13.000 денари треба да плати придонеси. Единствена цел на власта со овие законски измени е да собере повеќе пари од граѓаните за да ја пополни огромната дупка во фондот за ПИОМ што сега изнесува 22.000.000.000 (милјарди) денари или колку платите, придонесите и надоместоците за целата државна и јавна администрација во една година“- заврши Царовска.

 

Поврзани новости