Државата не им плаќа на актерите од кампањата за безбеден сообраќај

by lali 14:25
14:25

Македонските актери кои учествуваа во снимањето на спотовите за безбедност во сообраќајот, или кампањата позната како „Почитувај го животот, почитувај ги правилата“ три месеци не зеле ниту денар за ангажманот. Неколкумина од нив испратија писмо до редакцијата на „Фокус“ за да потврдат дека според договорите кои ги имаат потпишано со продукциската куќа „Квазар филм“, изведувач на проектот, парите требало да им се исплатат 30 дена по првото емитување на спотовите во етер.

Иако рекламите се вртат на телевизиите уште од септември, сепак актерите се изненадени и шокирани од постојаното одбивање на „Квазар филм“ да им ги исплати хонорарите. Тие во дописот наведуваат дека сопственикот на продукцијата им се правдал дека се уште ги нема примено средствата од државата за да може да им плати.

- Advertisements -

За да провериме каде е пропустот зборувавме со Блаже Дулев од „Квазар филм“. Не беше расположен да зборува на темата. На неколкуте наши прашања упорно повторуваше „немам коментар“. Единствено што слушнавме е дека не му е платена фактурата од Владата, за да може тој да ги пренасочи парите.

Инаку станува збор за десетина познати актери од домашната сцена кои професионално одговориле на обврската и снимале спотови за безбеден сообраќај, во надеж дека во септември или најдоцна до октомври, според договорите кои ги потпишале, ќе им бидат исплатени хонорарите.

gordana kampanjaaaa

Актерите не наведуваат дали следен чекор ќе им биде покренување судски спор за непочитување на договори, иако имаат таква можност, но нагласуваат дека се исплашени ако парите им се исплатат наредната година, дека државата може да ги оданочи со 40 отсто, според новите законски правила, а не само со 10, како што би било ако им се исплатат парите до крајот на годинава.

За тоа како ќе им се оданочат хонорарите, ако им се исплатат по први јануари не можевме да добиеме одговор од УЈП затоа што сабота им бил неработен ден. Нивните договори се потпишани годинава и сите рокови се испочитувале, освен обврската навремено да се платат актерите.

И додека актерите се во неизвеност на провладините медиуми редовно се емитуваат спотовите за „Почитувај го животот, почитувај ги правилата“. Кампањата ја прмовираше целиот владин кабинет на чело со премиерот Груевски, но изгледа заборавиле да ги „испочитуваат“ актерите со чии спотови се фалеа дека ќе ги намалат сообраќајните ризици.

Поврзани новости