Власта да ги обесштети сите граѓани кои досега уредно си ги плаќаа наметнатите придонеси за хонорарците, побара денеска претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска.
Од СДСМ побараа и Уставниот суд да се произнесе дека овие законски измени беа противуставни, и покрај тоа што законот сега е укинат.
Заедно со граѓаните, во изминатите 7 месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот владин потег го потврди тоа. Не го прифаќаме оправдувањето на Ставрески за повлекувањето на законските решенија, но се согласуваме со него навистина „се исцрпени ефектите“ од нелогичноста на законите, рече Царовска.
Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ нагласи дека при носењето на сите законите, уште во нивното подготвување, треба да бидат вклучени граѓаните кои се засегнати, затоа што само таквите закони може да обезбедат правна сигурност.