ВМРО-ДПМНЕ: Законот за хонорарците овозможи социјална сигурност

by Фокус

-СДСМ денеска се обидува да изигрува лажен душегрижник за законски измени од кои нема штета по корисниците на хонорари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција на која СДСМ побара власта да ги обештети хонорарците.

Во реакцијата на владејчката партија уште се вели дека со овој закон во изминатиот период се овозможувувало социјална сиугурност, здравствено и пензиско осигурување на голема група лица кои работат за хонорар. Сепак, одлучиле да го укинат законот, бидејќи  во меѓувреме  со други мерки , Владата речиси целосно  го решила проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори.

-Доколку СДСМ воопшто се грижеше за стандардот и правата на работниците тогаш немаше да ја спроведат криминалната приватизација и транзиција во која затворија 684 фабрики, а над 200.000 луѓе оставија без работа. Притоа граѓаните масовно осиромашуваа, додека партиската олигархија на СДСМ го раскрчмуваше општествениот имот и се богатеше, потесетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости