Хонорарците како предизборен маркетинг?

by Фокус

Според Солидарност нема дилема дека укинувањето на законските измени за хонорарците е класичен предизборен маркетинг, чија единствена цел е купување на што е можно повеќе гласови.

„Изминатава година, ние од ЛД „Солидарност“ заедно со многу други организации и поединци и поединки гласно говоревме и бевме на улиците барајќи укинување на плаќањето придонеси на хонорари. За целото ова време, Владата беше глува за нашите аргументи и одговараше со навреди и омаловажувања. Затоа и не го славиме денес укинувањето на законските измени, и воедно, даваме поддршка на сите кои ќе бараат обесштетување од срамните, сега веќе укинати одредби. Хонорарците сѐ уште имаат проблем да ги остварат правата на социјално осигурување и ги немаат истите работнички права како лицата во редовен работен однос. Нивниот проблем не се само ниските примања, туку и неизвесноста на работата под договор преку која газдите уценуваат и експлоатираат“, се вели во реакцијата на „Солидарност“.

Претседателот на ССМ Живко Митревски за Фактор изјави дека одлуката е логична.

„Со оглед на проценките кои се направени дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање на нови работи места оценето било дека ефектите од законот може да се постигнат и со други  мерки па од таму и повлекувањето на Законот е логична последица на анализите. За  ССМ останува определбата и натаму да се бориме за нови работни  места трансформација на волонтерските  договори и догвори на дело во редовен работен однос со платени придонеси“, се вели во реакцијата на Митревски.

Поврзани новости