СДСМ: Владата спроведува мерки од 200 милиони евра за зачувување на секое работно место, ВМРО ДПМНЕ сака да земе пари од граѓаните

by Fokus 08:49
08:49

Владиниот пакет на економски мерки вреден 200 милиони евра со цел ублажување на економскиот удар предизвикан од коронакризата, е утврден врз основа на сериозни и темелни анализи преку коишто Владата ги дефинираше бројките на загрозени работни места и компании. Оттука, пакетот опфаќа помош за најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50 отсто на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор, се вели во соопштението на СДСМ .

-Економските мерки овозможуваат  помош за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија. Зачувувањето на секое работно место е од клучно значење и затоа се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата. По принципот на солидарност функционерите на државни и јавни институции во нареедните два месеца ќе примаат минимална плата од 14.500 денари. Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50 проценти помалку од тоа што ние го обезбедуваме, пишуваат од СДСМ.

- Advertisements -

Според нив моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на поддршка ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.Сите анализи и фактите го покажуваат  дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ се несериозни и неодговорни.

-Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, помалку пари кај граѓаните, намалување на потрошувачка, но и помалку задржани работни места. Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците. И во ова тешка здравствена и економска криза, несериозноста на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски кои се научени само да земаат оди до таму што сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб. Ова е време кога солидарноста треба да се покаже на дело, да даваме таму каде што нема, да кратиме на непродуктивни трошења и намалување на платите. Уверуваме дека никој не е сам и никој нема да биде заборавен. Државата е тука за сите граѓани и прави се за сите полесно да ја пребродат кризата, порачуваат од СДСМ.

Поврзани новости