„Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените. Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди три клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата“ соопштија попладнево од СДСМ.
Од опозициската партија велат „Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи. Потребно е итно воведување на мерките“.
„Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна. СДСМ веќе има предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесеме во Собранието“ е партискиот став.