573
По соопштенито на собранискиот спикер Трајко Вељановски, кој најави дека распуштањето на Собранието ќе се најде на дневен ред на собраниска седница дури во понеделник, реагиираа од СДСМ.
-СДСМ денеска достави кристално јасна иницијатива за распуштање на Собранието на Р.Македонија веднаш.Токму Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември. Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска во термин во којшто претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата – стои во партиското соопштение.