Ќе има не само заздравување, туку целосно независно судство што ќе обезбеди правда за сите граѓани на Македонија и тоа ќе го осигура новата реформска Влада на граѓаните на Македонија, велат од СДСМ откако новиот претседател на Врховниот суд изјави дека ќе има заздравување на судството.
-Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски кој со години е дел од инсталациите во сваровски судството на фамилијата и кој, како што можеа да слушнат граѓаните од Вистината за Македонија, договарал со власта на Груевски судски пресуди, добро што признава дека на судството му треба заздравување. Но, за тоа се потребни промени и ќе има промени, затоа што така избраа мнозинството граѓани на Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека Македонија ќе добие реформирано и независно судство кое што ќе одлучува според професионални стандарди, а не како досега, по нарачки на партиски штабови.