Откако новинарите го радикализираа штрајкот, МПМ им ја исплати јануарската плата

by fokus 16:17
16:17

Новинарите и медиумските работници вработени во весниците на МПМ денеска ја добија платата за јануари, со што прекинува нивниот штрајк кој траеше еден месец.

Платата е исплатена откако вработените го радикализираа штрајкот и прекинот на работата траеше полно работно време од осум часа, а весниците денеска излегоа со преполовени страници.

-Барањата на вработените се исполнети и нема основ да продолжи штрајкот, велат од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Поврзани новости