541
Социјалдемократскиот сојуз в недела на партиски конгрес ќе ги објави кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.
Ова го најави денеска лидерот на партијата Зоран Заев, кој додаде дека се водат целодневни разговори со коалиционите партнери и со граѓаните.
– Ние нашите кандидатски листи ќе ги соопштиме на 6.ноември, в недела, за кога е закажан конгресот на партијата. Во тек се целодневни разговори со коалиционите партнери, но, пред сè, најголемо внимание посветуваме на средбите со граѓаните, кои ќе бидат дел од заедничките листи. Дотогаш не би сакал да изнесувам други детали, изјави Заев.