ЗАМП размислува како да му врати на Министерството за култура

by fokus

Здружението на заштита на авторскии музички права деновиве треба да излезе со одговор на решението на Министерството за култура, кое им ја укина забраната за емитување на македонска и српска музика.

– Деновиве, органите на ЗАМП треба да расправаат за оваа одлука на Министерството за култура. Јас ќе ја почитувам нивната одлука и ќе се залагам за неа – изјави за Мета претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров.

Причина за забраната за емитување на македонска и српска музика, како што рекоа од ЗАМП беше повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз нивното работење и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.

Министерството за култура пак, ја укина забраната како неоснована, образложувајќи дека одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

Поврзани новости