Агенција за вработување најави контра тужба за Ременски

by fokus

Откако министерката за труд и социјала Фросина Ременски најави дека ќе поднесе тужби против Диме Спасов, дополнителниот заменик министер и против директорот на Агенцијата за вработување Владо Поповски, со реакција се огласија од Агенцијата за вработување.

Од таму велат дека денешната прес-конференција на Ременски била обид за црна политичка кампања која нема никаква поврзаност со реалните факти.  Од Агенцијата ја повикаа Ременски во рок од 48 часа јавно да се извини, во спротивно ќе поднесат тужба за клевета.

-Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски изнесе мноштво дезинформации и непознавања за она што го говори на сметка на Агенцијата за вработување. Сите постапки за кои говореше техничката министерка се во рамки на законските процедури. Ја повикуваме во рок 48 часа јавно да се извини за изнесените лаги во спротивно ќе и биде поднесено тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета- пишува во реакцијата од Агенцијата.

Инаку, Ременски и денеска рече дека Спасов, немал законска можност да ги користи четирите возила, сопственост на Агенцијата за вработување, а директотор Поповски го обвини дека лаже бидејќи тој вчера тврдеше дека се било законски.

Поврзани новости