СДСМ тврдат дека со измените на КЗ ќе имало проширена конфискација

by fokus

Проширената конфиксација, која е обезбедена со измените на Кривичниот законик е оружје во борбата против криминалот, особено со организираниот криминал и корупцијата, тврдат од СДСМ откако експресно беа изгласани измените на Кривичниот законик со кој се намалуваат затвроските казни за кривини дела за кои се обвинети или голем број на поранешни и актуелни функционери.

-Измената на членот 98-а од Кривичниот законик создава законска можност за поголема примена на мерката конфискација од страна на судиите преку проширување на опфатот на кривични дела за кои ќе може да се применува проширена конфискација.

Ова значи и зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалитетот, што е особено значајно.

Измената на Кривичниот законик е и во насока на хармонизација со европското законодавство, бидејќи со неа се постигнува потполна усогласеност со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија, соопшти СДСМ.

Поврзани новости