СДСМ со свои мерки за вработување на младите

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз денска излезе со предлог мерки за подобрување на положбата на младите во земјата. По формирањето на Владата, СДСМ ветува неповратни 10 илјади евра за секој млад човек кој сака да започне сопствен бизнис.

-Најважно од `се е да ја зголемиме економската моќ на граѓаните. Да помогнеме на секој граѓанин на Р.Македонија, што е можно повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и на тој начин да се пробуди желбата, надежта заеднични да ја градиме Р.Македонија и што е можно повеќе луѓе да се вратат од оние што излегоа надвор од сопствената држава – рече денеска Оливерс Спасовски од СДСМ.

Тој посочува дека до сега над 600 илјади лица ја напуштиле земјата, од кои најголем дел се млади лица во потрага по вработување и подобри услови за живот.

Поврзани новости