Владата без „амин” од пратениците ќе го прераспределува буџетот

by fokus

Владата бара парите за обештетување на поплавените подрачја да се обезбедат преку прераспределба на државните пари,  но без одобрение од Собранието.

Па така, таа бара да се избегне нов ребаланс на државната каса, кој ќе треба да го изгласаат пратениците, и во време на непогоди сама да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот.

Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни ситуации, како што е сегашната.

Опозиција децидно го отфрла предлогот, обвинувајќи дека ова е уште еден начин за нетранспарентно трошење на парите.

За предлогот законски измени  ќе се расправа на матичната комисија за финансирање и буџет во собранието следниот вторник

Поврзани новости