Извршниот одбор на СДСМ вечерва донел одлука да се одржи тематски конгрес „за отворање на широк фронт против режимот на Никола Груевски“, а која треба да ја потврди Централниот одбор.
-Извршниот одбор на попладневниот состанок одлучи на Централниот одбор да му ги предложи кандидатите за министри и дополнителните заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори. Воедно, Извршниот одбор донесе одлука да му предложи на Централниот одбор одржување тематски конгрес на партијата за отворање на простор за широк фронт против режимот на Груевски и утврдување на приоритетите на идната демократска власт во Македонија, професионални и демократски институции што ќе работат во интерес на граѓаните, правично општество, економска и социјална стабилност на граѓаните и државата, независно судство, објективни медиуми…- стои во соопштението од СДСМ.
Инаку, по вечерашниот состанок на СДСМ треба да бидат познати и имињата на министрите и на дополнителните заменици-министри во преодната Влада за спроведување на изборите, закажани на 11 декември.