Попоски во Постдам: ОБСЕ да обезбеди темелен надзор на изборите

by fokus

Шефот на македонската дипломатија и вицепремиер Никола Попоска денеска на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ во Постдам, побарал темелно набљудување на изборите во Македонија од страна на ОДИХР.

– Со европските колеги, пред се разговаравме за европската агенда и за она што е значајно за нас, односно за поголема поддршка, за поголема динамика во евроинтеграциите, елиминирање на проблемот којшто досега беше генериран од политичката криза, односно спроведување на успешни избори. За ова очекуваме да ја добиеме поддршката и преку набљудување на повеќето европски организации но пред се од ОДИХР која функционира во рамки на ОБСЕ и која би направила оценка за квалитетот на спроведениот изборен процес- рече Попоски во изјава за МИА.

Темата мониторинг на изборите закажани за декември се појави како проблем откако неофицијално ОДИХР најави дека постојат буџетско – финансиски проблеми за соодветен мониторинг на македонските избори ако тие се случат оваа година, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Предвидените средства за мониторинг на изборите во Македонија ОДИХР/ОБСЕ биле потрошени на почетокот на годинава кога пред изборите закажани за јуни.

Поврзани новости