СДСМ заедно со другите партии што дадоа потписи за Зоран Заев да го побара мандатот од претседателот Ѓорге Иванов, поднесува иницијатива до Собранието за продолжување на конститутивната седница на парламентот, потврдија од партијата.
Иницијативата се поднесува до претседателот на Парламентот во заминување Трајко Вељаноски, кој потоа треба да свика координација и да ја закаже седницата.
Од СДСМ не даваат детали кога очекуваат да се одржи седницата, но на неа се очекува да биде избран новиот претседател на Собранието.
Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, изјави дека оваа процедура ќе заврши следниве денови. Тој не верува дека Велјановски ќе го попречува процесот бидејќи тоа според Џафери, би значело кривична одговорност.
Името на Џафери, неофицијлано во медиумите веќе се споменува и како главен кандидат за нов сообраниски спикер.
Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на седницата треба да го информира претседателот за новото парламентарно мнозинство и да побара доделување на мандатот за формирање на влада.