Арифи: Граѓаните не сакаа влада на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 21:03
21:03

Не е вистина дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ беа блиску до договор, вели подпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Призма.

И таа како нејзините сопартијци повторува дека немале проблем да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ за јазикот и за платформата, но сега за прв пат открива дека на одлуката на ДУИ влијаеле и случувањата по изборите.

-Не се договоривме по однос на прашањето за Специјалното јавно обвинителство и плус влијаеја новите моменти на анти-НАТО и на анти-ЕУ расположение коишто беа присутни на почетните собири- вели Арифи.

Таа ги отфрла ставовите дека со нејзините сопартијци и градоначалници Невзат Бејта и Изет Меџити, биле против коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ од строго калкулантски причини во пресрет на локалните избори.

-Ние сме потпретседатели на ДУИ. Ако ги изгубиме изборите, нема да изгубиме ние лично туку партијата. Не калкулираме! Нашата предност е што, освен високи партиски функционери, ние сме и градоначалници и имаме директна комуникација со луѓето, а граѓаните не сакаа коалиција со ВМРО-ДПМНЕ – вели Арифи.

Поврзани новости