СДСМ: Со Груевски Македонија е неслободна земја!

by fokus

Македонија под власта на Никола Груевски стана неслободна земја, се вели во денешното соопштение на опозициската СДСМ.

-Во последниот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот од 2016 година, Македонија забележа дополнителен пад на листата и од групата делумно слободни влезе во групата неслободни земји. Македонија во оваа група е единствена од земјите во соседството. Како што стои во извештајот, тоа е бидејќи на виделина излегоа скандалозните информации за масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници. Македонија под власта на Груевски падна и на листата на Репортери без граници каде од 34 место во 2013 година стигнавме до 118 место од вкупно 180 земји, алармираат од СДСМ.

Од СДСМ порачуваат дека граѓаните на 11 декември имаат можност да го променат ова со својот глас.

Поврзани новости