-Со фашистички методи вработените жени од повеќе општини во Македонија беа изложени на притисок да присуствуваат на денешниот партиски настан на Никола Груевски. Жените во Македонија во изминатите години се соочуваа со континуирана деградација на нивната положба, не се почитуваа нивните човековите права и постојано беа дискриминирани, реагираат од СДСМ на денешната Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, а имаше автобуси од повеќе други градови.
Од СДСМ велат дека колку бил уплашен Никола Груевски покажува денешно обраќање пред Унијата на жени на неговата партија полно со лаги, примитивизам, недолични зборови и навреди.
-„Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски кој се плаши од казната на граѓаните и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.Никоа Груевски си призна на самиот себе си: не може криминалец и докажан измамник да биде премиер. Затоа Груевски не е премиер и затоа нема да биде никогаш повеќе, се вели во реакцијата на СДСМ.