Груевски: Народот е гневен на СДСМ, на 24 април доаѓа одмаздата

by Фокус

-Сега народот е погневен од било кога. Но за жал на СДСМ, гневот не е кон ВМРО-ДПМНЕ, туку кон оние кои го силуваа, кому му го силуваа уставот и законите, кои му донесоа политичка криза и неизвесност, и прават се таа истата да продолжи и да се продлабочи, кои создадоа ситуација заради интересот на државата и народот привремено доброволно да се повлечат оние кој тој самиот си ги одбра, на кого му наметнаа функционери кои не ги сака и не ги одбрал, кој ги отфрлил на изборите, на кого му донесоа закони и институции кои не се нивни избор, рече Груевски во обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер додаде дека на 24-ти април, доаѓа казната и одмаздата на народот, доаѓаат неговите 5 минути.

-Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери и ќе испрати неколку пораки, рече Груевски.

Поврзани новости