Спасов поднесе 15 тужби против Ременски поради директорските смени

by Фокус 21:09
21:09

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, поднесе 15 тужби против министерка за труд и социјална политика, Фросира Ременски, поради разрешувањето на директори на Центрите за социјални работи.

-Ја информираме јавноста дека врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби  против техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски,  поради  незаконско  работење, односно незаконско разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам и смислено сценарио за блокада на проектите кои се реализираа од страна на министерството, се вели во соопштението на заменик-министерот Спасов.

- Advertising -

Спасов вели дека јавноста знаела дека Фросина Ременски била посветена на партиската агенда, а не на проектите кои и се обврска и нејзината агенда била јасна, да ги блокира проектите и  да измислува и да фабрикува лажни афери.

Поврзани новости