Го укинуваме екстерното тестирање и високите казни. Го враќаме задолжителното предучилишно образование за децата. Ја враќаме автономијата на универзитетот. Градиме универзитетски центар. Помагаме во издигнување на студентскиот стандард. Ова е само дел од промените во образовниот систем што ги најавува опозицискиот СДСМ во програмата „Визија за Македонија“, што денеска ќе биде промовирана за Скопскиот саем.
За визијата на СДСМ ќе дебатираат потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и претседателот на СДММ, Стефан Богоев.
– На дебатата со презентација за искуствата од образовниот систем во Финска ќе се обрати и гостинот, Јухани Нокела, советник за образование од Финска.Мотото на дебата е „Заедно можеме да направиме коренити промени во образованието, во интерес на нашите деца, на младите, на државата“.Создаваме образование по успешни европски модели како во Словенија, Финска, што одговараат на приликите во Македонија.Го намалуваме бројот на предмети во основното и средното образование и обемот на наставата. Се фокусираме на носечките предмети (математика, македонски јазик и литература, странски јазици, компјутерски вештини) – информираат од партијата.