Специјалното обвинителство на Јанева во поранешните простории на Агенцијата за млади и спорт

by Фокус

Специјалното обвинителство ќе биде сместено во просториите во кои досега работеше Агенцијата за млади и спорт. Зградата е во непосредна близина на центарот на Скопје, а освен тимот на Катица Јанева, во објектот нема да има други станари.

– Министерство за правда спроведе постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на јавен оглас за набавка со закуп на недвижна ствар – деловен простор во Општина Центар, во коj ќе биде сместено Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По спроведената постапка, се изврши избор и се склучи договор за закуп на деловен простор и истиот е лоциран на Франклин Рузвелт бр.34 во Скопје –  информираат од министерството.

Јанева деновиве го добн и буџетот за да почне да ги работи делата, кои што произлегуваат од опозициските „бомби“.

Поврзани новости