СДСМ: Сите ќе одговараат за насилството, на чело со нарачателите од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 12:33
12:33

Од СДСМ предмалку преку соопштение и се обратија на јавноста за синоќешнотот случување во Собранието. Го објавуваме соопштението во целост:

Демократските процеси продолжуваат, по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија.

- Advertisements -

Никој не може да ја спречи вербата и волјата на граѓаните на Македонија за живот, правда и придружување на Македонија кон цивилизираниот свет, преку евро-атланските перспективи.

Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Парламентот. Исто така јасно ја испратија пораката на режимот во распаѓање дека ова е неговиот крај, мора да се повлече пред мнозинската волја на над 700.000 граѓани претставени преку 67 пратеници во Собранието кои сакаат да живеат во демократска Македонија.

Врвен приоритет за граѓаните и државата е да се реализира до крај волјата на граѓаните изразена на кредибилни избори преку брз трансфер на власта, согласно Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија.

Оттука, институциите мора да ги преземат сите потребни мерки да ги заштитат државните и граѓанските интереси.

Насилието врз легитимни претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом е резултат на политиките на конфликт, омраза, поделби, поттикнување немири е резултат на Никола Груевски, поддржани од Ѓорге Иванов и Трајко Велјаноски и тоа не смее да се повтори.

Ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикуваме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на режирани сценарија со кои Никола Груевски и тесната криминална група околу него сакаат да испровоцираат нестабилност, затоа што во тоа гледаат сопствен спас од одговорноста.

Во Република Македонија е направен огромен исчекор напред во демократските процеси. Избран е нов претседател на Собранието, а во периодот што престои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

Поврзани новости