СДСМ: Силјановска се поклони на груевизмот, да не се прави дека не знае дека Мицкоски беше асистент кај татко му, како и советник на Груевски

by Fokus

Откако кончено ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко, реагираа од владејачката партија.

Од таму коментираат дека кандидатката за претседател, Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесувала како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.

„Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот. Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура? Доколку не знае, точниот одговор е дека таа беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски. Да, тоа е истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали. Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?“, прашуава СДСМ.

Поврзани новости