СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ е крива за катастрофалните состојби во образованието

by Фокус 19:00
19:00

По 10 години континуирано уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието, велат денеска од СДСМ.

-10 години Груевски и ВМРО ДПМНЕ бараа локација за студентски домови, додека трошеа милиони евра за споменици, врби и фонтатни. Само ВМРО ДПМНЕ и никој друг е крив за катастрофалните состојби во образованието. Новата влада предводена од СДСМ ќе го укине екстерното тестирање во првите 100 дена од мандатот. Се обврзуваме за целосна реконструкција на студентските домови, кои ќе прераснат во модерни студентски кампуси, стои во соопштението на СДСМ.

- Advertising -

 

Поврзани новости