Од СДСМ сметаат дека првичните неофицијални резултати на ДИК сè уште покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати. Според опозициската партија, во текот на гласањето се направени неправилности кои ќе влијаат врз конечниот исход од изборите.
-Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати. Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на многубројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период. Ваквите проблеми коишто имаат влијаните врз конечкиот исход од изборите, се констатирани и од набљудувачите на изборниот процес. До прогласувањето на конечните резултати од ДИК едно е кристално јасно. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце“, се наведува во соопштението, се вели во писменото соопштение на СДСМ испратено до медиумите по објавувањето на првичните резултати од гласањето што се одржи во неделата.
Според СДСМ, до прогласувањето на конечните резултати од ДИК, кристално јасно е дека времето на политичари како Никола Груевски завршило.
Државната изборна комисија, синоќа, по речиси цел ден одолжување, излезе со првични официјални резултати од гласањето, според кои ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, а СДСМ 49 мандати.