Околу 600 гласа ја одделија опозицијата од победа на изборите

by fokus

Само тристотини гласа ја делат опозицијата предводена од СДСМ од намалувањето на водството на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а шестотини гласа би направиле комплетен пресврт во распоредот на силите на изборите.

Ова го покажуваат калкулациите на политичките партии,но и на дел од членовите на Државната изборна комисија,со кои разговаравме откако ДИК соопшти дека симулацијата според прелиминарните резулти покажува победа на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со 51 наспроти 49 пратеник.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ освои еден пратеник повеќе во втората изорна единица, но доколку БЕСА освоела само 300 и нешто гласа повеќе, еден пратеник од контото на ДПМНЕ би се слеал кај БЕСА и резултатот би бил изедначен во оваа изборна единица, а минус еден за владејачката коалиција генерално.

Скоро истото важи и за шестата изборна област, каде околу 300 гласа повеќе за СДСМ би значеле еден пратеник повеќе за опозициската на сметка на владејачката коалиција, што автоматски би значело и еден пратеник повеќе за социјалдемократите во оваа ИЕ, кој воедно би им донел и еден пратеник предност на национално ниво во соодност 50-49.

Затоа, се очекува опозициските партии да поднесат приговори за многу гласачки места во овие реони, кои, доколку Комисијата ги прифати, можни се промени при прегласувањето.

В.С.

Поврзани новости