Груевски најави брзо формирање на влада

by fokus

Ќе пристапиме веднаш кон преговори за формирање на влада и конечно да заврши кризата, бидејќи на народот му е преку глава од кризата, изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на партиската прослава во Скопје по објавата на првичните резултати од ДИК, според кои владејачката партија освоила 51 мандат, а опозицијата 49.

– Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните. СДСМ во желба да не победи внесе многу гнев и јаз помеѓу македонскиот народ и граѓаните на Македонија и различните етнички заедници. Јас лично и новата влада ќе работиме на намалување на тој јаз и заедно сите граѓани на Македонија ќе ја градиме Македонија како земја со поголеми работни места стандард и држава која ќе се движи кон Европската унија. Благодарност без вас ова немаше да биде можно – рече Груевски.

Поврзани новости