СДСМ: Референдумот во Центар е порака против погрешните политики на Груевски

by Фокус

Референдумот во општина Центар недвосмислено испраќа порака дека граѓаните се решени да се спротивстават на погрешните политики на Никола Груевски, соопштија од СДСМ откако пропадна референдумот за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, бидејќи излезноста беше нешто над 40 отсто, десет проценти помалку од потребните 50 отсто плус еден глас.

„Огромно мнозинство од над 95 проценти од граѓаните што излегоа на референдумот го дадоа својот глас за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Во услови на непрочистен избирачки список, во којшто над 25 отсто од граѓаните имаат различни адреси од оние на коишто се заведени, дури 17.000 граѓани на Центар покажаа одлучност и се спротивставија на уништувањето на Скопје за лични и бизнис интереси“, велат социјалдемократите.

Поврзани новости