СДСМ: Ребалансот на буџетот да се одложи дури не се реши спорот со еврообврзницата

by fokus

СДСМ бара ребалансот на буџетот да биде повлечен од дневен ред на Собранието сè додека не се расчисти законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра.

Според пратеникот Марјанчо Николов, со тоа што Министерството за финансии не побарало правно мислење од министерството за правда за еврообврзницата, станало јасно дека е прекршена законската процедура за нејзиното издавање.

„Со оглед дека овие 450 милиони евра дополнително беа пресметани во ребалансот на буџетот за 2016 година и тоа по завршувањето на амандманската расправа како дополнет предлог од Владата, сметаме дека до расчистувањето на скандалот со прекршувањето на постапката за издавање на еврообврзницата ребалансот треба да биде повлечен за Собранието не биде доведено да изгласа буџет кој навистина е нереален. Се поставува прашањето што ако заради прекршување на Законот за јавен долг и постапката за издавање на еврообврзницата, истата биде поништена, а Собранието го изгласа ребалансот со калкулираните 450 милиони евра и истите бидат потрошени. Кој ќе ја сноси одговорноста?“-прашува Николов.

Поврзани новости