„Лос Анџелес Тајмс“ ги фали природните убавини на Македонија, но и се чуди за кичот во Скопје

by fokus

марго феиф,,Убавините на Македонија објавени во престижниот ,,Лос Анџелес Тајмс,, беше  насловот кој што денес го објавија голем број на медиуми, по повод репортажата на светски познатата новинарка Марго Феиф.

Речиси сите медиуми кои што исвестија за настанот, ги пренесоа само пофалните зборови за природните убавини на нашата земја, за пештерите, тврдините од шести век, свежата риба… Но никој не го објави делот од репортажата во која што Марго со неверување ги опишува своите импресии од проектот ,,Скопје 2014,,.

,,Дел од урбанистичкиот проект ,,Скопје 2014,, неверојатен број на неоклсични згради и нови градби кои што изникнаа во 2010 година. Тоа е дел од владиниот план за обнова на главниот град, како историски град со корени назад кон Александар Велики, кој што јава, поголем и од животот, на коњ на врвот на пиедестал на плоштадот Македонија. Проектот ги крие и зградите од Советската ера, позади пластови на бел малтер и фигури на нимфи на покривите. Многу контроверзно за оваа превисока цена, во земја која што се бори со стапка на невработеност од 25 %, да се појавуваат структури и скулптури како да е  носталгична по Лас Вегас. Весникот ,,Гардијан,, го сотре со зборови Скопје нарекувајќи го ,,Град на кичот,,. Во овие неумесни кичести услови се наоѓаат и спомен обележја на Мајка Тереза, која што е родена во Скопје,, – известува репортерката.

Не е познато дали десетиците медиуми кои што информираа за репортажата за убавините на Македонија во ,,Лос Анџелес Тајмс,, намерно го ,,скокнале,, делот за ,,Скопје 2014,, па затоа го објвуваме линкот на кој што може да се прочита целата статија.

http://www.latimes.com/travel/europe/la-tr-eastern-macedonia-20160711-snap-story.html

latajms

Поврзани новости