-Во општина Дебрца тој присуствуваше на пуштање во употреба на неколку инфраструктурни објекти во општината. И можеби се би било во ред ако во случајов не станува збор за проекти за реконструкции на постоечки инфраструктурни објекти, објекти кои по извршените реконструкции се ставени во употреба пред повеќе од една година, реагираат од ОО СДСМ – Дебарца по денешната посета на премиерот Груевски на охридскиот регион.
Од СДСМ – Дебарца велат дека реконструираниот водоснабдителен систем во село Ботун, кој денеска премиерот свечено го пушти во употреба, во функција е повеќе од една година, а во реконструираното основно училиште во село Требеништа учениците завршиле една учебна 2014/2015 година.
-Исто така, останува нејасно зошто пуштањето во употреба на објектите кои се во функција го изврши премиерот ако се знае податокот дека реконструкцијата на инфраструктурните објекти се финансираше со средства од буџетот на општината, односно средства на граѓаните на општината, а ниту денар не беше издвоен од буџетот на РМ, стои во соопштението од СДСМ – Дебарца.