Ахмети: Што побрзо да се примени договорот од Пржино

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше на средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав во американската амбасада во Скопје. Тема на разговор бил договорот од Пржино за надминување на политичката криза и неговото спроведување.

Како што известуваат од ДУИ, Ахмети на средбата рекол дека треба брзо да примени договореното за да може Македонија да се посвети на приоритетните прашање како што се евроатлантската интеграција, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој.

-Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ целосно го поддржува договореното и прави напори за негова успешна реализација придонесувајќи преку конструктивни и надпартиски предлози. Специјалниот обвинител го претставува следниот предизвик и затоа партиите треба да се ангажираат максимално за да овозможат успешно функционирање на оваа привремена институција во рамки на обвинителскиот систем на земјава, се вели во соопштението од ДУИ.

Вчера на средба со амбасадорите во американската амбасада беше претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој ја обвини ДУИ дека го кочи процесот на спроведување на договорот, бидејќи не сака да се спроведе попис пред изборите во април. Според Тачи, за да спроведе попис до април потреба е само политичка волја, која, како што кажа Тачи, ја нема кај другите партии.

Поврзани новости