СДСМ: Полициjaтa наплаќа за посета на семејства каде има пријава за семејно насилство

by Фокус 15:28
15:28

Шелтер центрите не работат. Полициските станици наплаќаат за посета на семејства каде има пријава за семејно насилство. Здравствените институции сметаат дека пријавувањето на жртви на семејно насилство не е нивна обврска. Центрите за социјална работа немаат технички ресурси за увид во семејствата и работа на терен. Недостасуваат советувалишта за деца. Ова според, Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, е состојбата во државава по последниот случај на тројно убиство во Кавадарци кој според Царовска покажал дека институциите кои треба да штитат од насилство не функционираат.

– Дополнително, ниту со донесувањето на нов Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство власта на Никола Груевски не понуди никакви конкретни решенија за решавање на проблемите. Предвидените времени мерки за заштита, како на пример отстранување на сторителот на семејно насилство од домот, се нејасни и не може да се спроведат. Нема насока каде сторителот ќе биде пратен. Никој не може да гарантира дека нема да се врати во домот и да нема да ја повреди жртвата. Токму случајот во Кавадарци е резултатот од не третирање на сторителот и опасностите кога е оставен без контрола – предупредува Царовска.

Таа смета дека власта нуди законска привилегија на богатите сторители на насилство.

- Advertising -

– Замислете, Власта на Груевски предвидела, доколку сторител на семејно насилство, не ја почитува судската одлука за спроведување на некоја од привремените мерки, може да си плати 2.500-5.000 евра и да биде ослободен – изјави претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Од Министертвото за труд и социјала изразуваат зачудување што СДСМ продолжува со бесмислени и неосновани критики и тоа најчесто за работи кои воопшто не ги прочитале и ги претпоставуваат, а си дозволуваат да ги изнесуваат како апсолутна вистина.

– Оваа Влада како никогаш до сега покажа решителност сеопфатно и системски да се справи со семејното насилство како општествено зло. Токму во тој правец е новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. За потсетување на јавноста но и за соочување на Царовска со реалноста, повторно ги потенцираме ефектите од ново законско решение – се вели во реакцијата на министерството.

Поврзани новости